Самостојна изложба на Ешреф Ќахили
- Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе се одржи самостојна изложба на Ешреф Ќахили.

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе се одржи самостојна изложба на Ешреф Ќахили.
На отворањето ќе се обрати директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и професорот Решат Амети, член на Управниот одбор на Националната галерија.
Изложбата „Музеј на детството“ опфаќа триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника и ќе биде достапна до 18 декември.
Ќахили првпат изложува во Националната Галерија, а овој проект е во рамките на билатералната културна размена меѓу Република Северна Македонија и Косово.
Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. свс/бак/
Фото: Национа галерија