• вторник, 21 мај 2024

Самит „The New Gen(D)eration“ : Преку солидарност и заедништво до поуспешна борба против родовата нееднаквост

Самит „The New Gen(D)eration“ : Преку солидарност и заедништво до поуспешна борба против родовата нееднаквост

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) – Законите за родова еднаковост најслабо се спроведуваат, антиродовите движења ги користат патријахалите сфаќања и најчесто се служат со дезинформации и лажни вести кои создаваат морална паника и хистерија, па затоа потребни се солидарност и заедништво, заклучија учесниците на денешниот самит насловен „The New Gen(D)eration“.

На самитот кој се одржа во Скопје учествуваа претставници од земји од Западен Балкан кои споделија искуства и практики при справувањето со родовата нееднаквост.     

Активистката Уранија Пировска посочи дека проблемот со родовата нееднаквост е присутна и во многу поцивилизирани средини од нашите.

-И во многу поцивилизирани средини од нашите, се уште постои една таква матрица која се појавува по потреба и има одредена агенда, да не заборавиме секогаш антиродовите движења се поддржани, финансирани и го имаат грбот на големите политички сили. Главната цел е секако да се држат граѓаните во мрак и да се промовираа нееднаквост, за жал, жените се тука најголемите жртви, посочи Пировска.

На овој самит гледа како на прилика за поголема мотивација во борбата против родовата нееднаквост.

- И покрај тоа што ќе ги споменеме сите аспекти кои се поврзани со тактитките, стратегиите на антиродовите движења, јас овој самит го гледам како надеж, бидејќи она што е многу важно во било која борба особено во борбата за родова еднаквост и сега против мобилизациајата на антиродовите движења е солидарноста и заедништвото. Тактиките, стратегиите на тие групи се многу слични секаде во свет, но она што мораме како заклучок да го зацртаме на оваа конференција е како да се движиме напред. Ова е одлична прилика да ги слушнеме искуствата од регионот, горе долу сме со исти искуства, меѓутоа да слушнеме добри практики, едноставно да научиме едни од други како да го искористиме она што го имаме, за да можеме да направиме едно колективно просветлување, едукација, бидејќи знаете овие антиродови групи најчесто циркулираат и работат со дезинформации и лажни вести кои создаваат морална паника, хистерија и слично, појасни Пировска.

Ирена Цветковиќ. која е доктор од областа на родовите студии, информира дека овој самит задира во три особено важни теми со фокус на современите предизвици.

-Трите тема даваат простор за размислување за тоа кои се современите проблеми, а тоа е темата поврзана со антиродовите мобилизации како да одговориме на нив, но исто така нас не интересираше која е онаа мрежа на идеологиии која создава потентна база за успешност на овие стратегии. И затоа втората тема е токму иделогиите на насилство и како да се справиме со истите за третата да е насочена кон замислување и наоѓање на заеднички методи и стратегии на отпор и ние секогаш истите ги наоѓаме во феминзимот и затоа последната тема е насочена кон феминистички институции и како истите се градат, истакна таа.

Активистката Златиборка Попов Момчиловиќ рече дека овој самит е многу важен затоа што ги здружува луѓето од различни сфери кои на различни начини се борат за рамноправност во земјите од Западен Балкан.

-Голем проблем кај нас е тоа што во принцип се усвојуваат сите закони, но овие закони кои се однесуваат на родовата рамноправнсот најслабо се спроведуваат, тоа е некоја генерална слика кај нас кога станува збор за спроведувањето на законите многу слабо, потоа сме сведоци ан случаеви на фемицид на трендови кои покажуваат дека не се изградени институиционални механизми кои биги заштитиле жените, потенцира таа.

Фондацијата Хајнрих Бол од Сараево го реализира настанот во соработка со Коалиција МАРГИНИ (Скопје) и со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna.свс/лв/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан