• петок, 05 декември 2025

Самитот АСЕАН-Австралија ќе ја осуди „заканата или употребата на сила“ во регионот

Самитот АСЕАН-Австралија ќе ја осуди „заканата или употребата на сила“ во регионот

Мелбурн, 4 март 2024 (МИА) - Лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и Австралија, кои се среќаваат во Мелбурн, имаат намера да ја осудат „заканата или употребата на сила“ за решавање на споровите во регионот, јавуваат странските агенции, истакнувајќи дека тоа е индиректно повикување на Пекинг.

„Ние се стремиме кон регион каде што се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и каде што разликите се управуваат преку дијалог со почитување, а не преку употреба на сила или закани“, се вели во нацрт-заедничката декларација.

Експанзионистичките цели на Пекинг во Јужното Кинеско Море, низ кое тргуваат трилиони долари секоја година, се очекува да бидат истакнати на специјалниот самит АСЕАН-Австралија што завршува в среда.

Територијалните спорови се интензивираа во последните месеци во овој поморски коридор, за некои  области од кои претендираат и Филипините, Виетнам и Малезија, кои исто така се членки на АСЕАН.

„Сите ние сме одговорни за формирањето на регионот што сакаме да го споделиме - мирен, стабилен и просперитетен“, рече австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг.

„Оваа одговорност е поважна од кога било, бидејќи карактерот на регионот е доведен во прашање. Се соочуваме со дестабилизирачки, провокативни и принудни акции, вклучително и опасно однесување на море и во воздух и милитаризација на спорните елементи“, нагласи министерката. паг/

Фото: МИА архива

 


 

 
 

 

 
 

Остани поврзан