• четврток, 21 ноември 2024

Сали: Секојдневно го зголемуваме капацитетот за тестирање за КОВИД-19

Сали: Секојдневно го зголемуваме капацитетот за тестирање за КОВИД-19
Скопје, 31 јули 2022 (МИА) - Секојдневно ја следиме бројката на лица за тестирање за КОВИД-19 во јавните установи и го зголемување капацитетот за тестирање, односно се адаптираме на два-три дена колку што има потреба од тестирања. Ве уверувам дека процентот на тестирања во приватното и во јавното здравство секојдневно се зголемува во делот на јавното, рече министерот за здравство Беким Сали вечерва во гостување на ТВ Сител. Тој тврди дека пациентите кои имаат потреба за КОВИД тест во Скопје ако денеска побараат да бидат тестирани ќе направат брз тест истиот ден, а ПЦР следниот ден. Чекање со денови за тестирање, според него, можеби се случува во помали градови каде што нема ПЦР тестови и тие се приморани да патуваат на друго место. Сали истакна дека не гледа никава причина за нереализирање на планот за најавените пет ковид амбуланти на територијата на Скопје, за што вели дека се во комуникација со сите лекари. -Во моментот кога веќе ќе дојдеме до фаза да имаме потреба од активирање на тие ковид амбуланти  како систем сме подготвени за тие пет во првата фаза на ниво на Скопје, се знаат локаците.... Тука ќе имаме брзо тестирање веднаш, без закажување термин, лабораторија и евентуално брз упат веднаш за ренген снимање на бели дробови доколку побарува клиничката слика, рече Сали, наведувајќи и дека две од три здруженија на матичните лекари потврдиле дека ја поддржуваат иницијативата. Во тек на овој бран во кој навлегуваме, посочи, имањето пет центри каде пациентите  ќе добијат навреме и дијагностика и резултати и третман ќе придонесе за заштита на другото население кое не е инфицирано. Граѓаните, вели тој, треба да бидат сигурни дека на нашите инфективни одделенија има сосема доволна количина лекови кои се потребни од сите најсовремени терапии што се практикуваат. Сали информираше дека државата располага со 350 илјади дози вакцини за заштита од Ковид со рок на трање до октомви и го повтори апелот граѓаните да се вакцинираат и да се заштитат предвреме. лв/аа/  

Остани поврзан