• четврток, 26 декември 2024

Саливен: Сè уште не е постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Саливен: Сè уште не е постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Вашингтон, 1 декември 2024 (МИА) – Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливен денеска изјави дека САД работат на прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, но оти сè уште не е постигнат договор.

- Ќе има дополнителни дискусии и консултации и се надеваме дека ќе успееме да постигнеме прекин на огнот со договорот за заложници, но сè уште не сме дошле до тоа, истакна Саливан.

Претходно, шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар изјави дека постојат индикации дека може да се постигне напредок кон договор.

- Она што можам да го кажам е дека има знаци на поголем степен на флексибилност од Хамас поради околностите, вклучително и Договорот во Либан, но не само тоа, посочи Сар, додавајќи дека израелската Влада е подготвена да направи напредок.

Саливан го пофали и примирјето меѓу Израел и Хезболах што стапи во сила на 27 ноември нарекувајќи го „огромен чекор за Блискиот Исток“.

- Мораме да го заштитиме и да се погрижиме целосно да се почитува, наведе Саливан. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан