• среда, 26 март 2025

Салах нема да се пресели во Ал-Хилал ова лето

Салах нема да се пресели во Ал-Хилал ова лето

Ливерпул, 25 март 2025 (МИА) -  Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах најверојатно нема да се пресели во Ал-Хилал ова лето, напиша новинарот Бен Џејкобс на социјалните мрежи.

Трансферот на крилниот напаѓач нема да се реализира поради неколку причини. Како прво, во Саудиска Арабија се песимисти. Второ, главните посредници кои ја промовираа претходната понуда од Ал-Итихад сега не преговараат активно. Трето, раководството на Ливерпул е убедено дека Салах сака да остане во Европа.

Ал-Хилал подготвува „огромна“ понуда за Салах и најверојатно до крај ќе се труди да ги оствари своите цели. Оваа сезона Египќанецот одигра 43 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања, постигнувајќи 32 гола и 22 асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан