• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Саем на традиционална македонска храна „Дојди, пробај, уживај!“

Саем на традиционална македонска храна „Дојди, пробај, уживај!“

Скопје, 15 март 2025 (МИА) - Во Скопје Сити Мол денеска од 10:00 до 19:00 часот ќе се одржува Саем на македонска традиционална храна „Дојди, пробај, уживај!“. 

Саемот е организиран од Националната федерација на фармери (НФФ) и Скопје Сити Мол и е дел од манифестацијата „City Bazar“. Поддржан е од Шведска и организацијата „We Effect“ преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.

Според организаторот, се работи за уникатен гастрономски настан што ги слави автентичните вкусови на нашата држава и ја истакнува вредноста на локалното производство. Саемот е и платформа за поддршка на малите земјоделци, порака за значењето на локалната храна, но и можност за поквалитетен и поодржлив начин на исхрана.

- Ако сте љубител на добрата храна, ова е вистинската прилика да уживате во домашно подготвени специјалитети: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала, преработки од зеленчук и овошје. Откријте ги богатите ароми и тајните рецепти кои нашите рурални заедници ги негуваат со генерации!, наведуваат од НФФ. мд/аа/

Фото: Фејсбук на НФФ

Остани поврзан