Саем на независната уметничка сцена и современите креативни практики
- Во „Даре Џамбаз“ во Скопје денеска од 14 до 21 часот ќе се одржи ФИЈУК Саем на независната уметничка сцена и современите креативни практики, чија цел е да ја афирмира локалната креативна сцена и да создаде простор за размена на идеи, соработка и претставување на независната продукција.
Скопје, 7 март 2026 (МИА) - Во „Даре Џамбаз“ во Скопје денеска од 14 до 21 часот ќе се одржи ФИЈУК Саем на независната уметничка сцена и современите креативни практики, чија цел е да ја афирмира локалната креативна сцена и да создаде простор за размена на идеи, соработка и претставување на независната продукција.
Своите дела на саемот ќе ги претстават голем број креативци. Како што најавија организаторите, саемот ќе ја најави пролетта со промоција на книга со колажи од Милета Мијатовиќ, издадена од Longest Night – штампарски колектив од Гетеборг, Шведска. Во рамки на програмата ќе се одржи и работилница за колажи во организација на Скопје колаж колектив, како и музичка програма во живо.
-Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со внимателно селектирана група излагачи кои работат во различни медиуми, меѓу кои фотографија, графика, музика, дизајн, поезија, колаж и сликарство. Настанот претставува платформа за промоција на нови автори и идеи, како и можност за директна средба помеѓу уметниците и публиката. По завршувањето на саемот, програмата продолжува со ФИЈУК афтер концерт на Милко, со почеток од 21 часот во Паб Ѕе, се наведува во соопштението. хс/сст/
Фото: ФИЈУК Саем на независната уметничка сцена и современите креативни практики