• петок, 22 ноември 2024

САД ќе испратат припадници на ФБИ на Хаити по убиството на Моиз

САД ќе испратат припадници на ФБИ на Хаити по убиството на Моиз
Вашингтон, 9 јули 2021 (МИА) – САД што е можно побрзо ќе испратат припадници на Федералното истражно биро (ФБИ) на Хаити за да и помогнат на земјата по атентатот врз претседателот Жовенел Моиз, соопшти денеска Белата куќа. Во соопштението се додава дека зајакнувањето на капацитетот на полициските служби на Хаити останува клучен приоритет за САД. На Хаити ќе им помагаат и членови на Министерството за внатрешна безбедност на САД, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Таа додаде дека следната недела САД ќе испратат и вакцини против Ковид-19 на Хаити. јт/

Остани поврзан