• петок, 22 ноември 2024

САД ќе испратат два воени брода преку Босфор до Црното Море

САД ќе испратат два воени брода преку Босфор до Црното Море
Вашингтон, 9 април 2021 (МИА) - Соединетите Американски Држави ќе испратат два воени брода преку Босфор до Црното Море, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција. Ова ќе се случи следната недела во услови на зголемени тензии меѓу Русија и Украина. Официјалното известување од Вашингтон е во согласност со Конвенцијата од Монтре. Бродовите ќе останат во регионот до 4 мај, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи. паг/

Остани поврзан