• петок, 22 ноември 2024

САД: Ја постигнавме целта во Авганистан

САД: Ја постигнавме целта во Авганистан
Вашингтон, 18 април 2021 (МИА) - САД ја постигнаа целта што ја поставија на почетокот на американската воена мисија во Авганистан во 2001 година. Целта беше да се справиме со оние кои не нападнаа на 11 септември 2001 година, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан, како одговор на прашањето дали Вашингтон верува дека победил во Авганистан. По повлекувањето на американските трупи од Авганистан, САД имаат намера да го остават само контингентот за чување на амбасадата во земјата. - Военото присуство на САД во Авганистан ќе се одржи само заради заштита на амбасадата, рече тој. Саливан истакна дека „Вашингтон ќе се обиде да ја одржи својата дипломатска мисија, која има свои безбедносни карактеристики“. ссм/

Остани поврзан