• недела, 12 мај 2024

САД ја обвини Северна Кореја дека ја вооружува Русија

САД ја обвини Северна Кореја дека ја вооружува Русија

Вашингтон, 13 октомври 2023 (МИА) - Белата куќа денеска објави дека Северна Кореја неодамна испратила пратка оружје во Русија, оценувајќи ја како загрижувачка поради зајакнувањето на воените односи меѓу двете земји.

Белата куќа објави серија сателитски снимки за кои американските власти велат дека покажуваат дека пратка од севернокорејско складиште за муниција била натоварена на брод под руско знаме, а потоа транспортирана со железница до магацин во близина на југозападната граница на Русија. Испораката, како што наведоа, се одвивала помеѓу 7 септември и 1 октомври.

-Ја осудуваме Северна Кореја што ѝ ја испрати на Русија оваа воена опрема, која ќе се користи за напади на украински градови, убивање украински цивили и продолжување на нелегалната војна на Русија, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан