• недела, 22 февруари 2026

САД ја обвинија Куба за мешање во работата на американски висок дипломат во Хавана

САД ја обвинија Куба за мешање во работата на американски висок дипломат во Хавана

Вашингтон, 2 февруари 2026 (МИА) – САД ја обвинија Куба дека се меша во работата на американскиот висок дипломат во Хавана, Мајк Хамер, откако групи Кубанци го пцуеле и навредувале по неговиот состанок со претставници на Католичката црква.

Стејт департментот преку социјалните мрежи ја обвини Куба за, како што се наведува, „неуспешна тактика на застрашување“ и побара Хавана да престане да „испраќа поединци да се мешаат во дипломатската работа“ на американскиот вршител на должност, Мајк Хамер.

Хамер, кој пристигна во Куба кон крајот на 2024 година, во саботата објави видео во кое опишува како Кубанците го вознемирувале со пцости и навреди по состанокот со локалните црковни поглавари. На снимката се гледа група луѓе како извикуваат „атентатор“ и „империјалист“. јт/

Остани поврзан