• петок, 20 декември 2024

САД ја критикуваа одлуката за враќање на Сирија во Арапската лига

САД ја критикуваа одлуката за враќање на Сирија во Арапската лига

Вашингтон, 8 мај 2023 (МИА) – САД денеска ја критикуваа одлуката на Арапската лига за повторен прием на Сирија, повеќе од единаесет години откако таа беше протерана поради задушување на народниот бунт кој се претвори во војна.

- Мислиме дека Сирија во овој момент не заслужува повторно да биде членка на Арапската лига, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Министрите за надворешни работи на Арапската лига вчера одлучија да ја вратат Сирија во организацијата по повеќе од една деценија суспензија, објави нејзиниот портпарол.

Одлуката беше донесена на затворен состанок на министрите во седиштето на Лигата во Каиро, изјави Гамал Рошди, портпарол на генералниот секретар на организацијата. јт/

Фото: Интернет скриншот

Остани поврзан