САД ја известија Романија дека го намалуваат бројот на војници на источното крило на НАТО
- Романија и сојузниците на НАТО се известени за плановите на САД да го намалат бројот на војници на источното крило на Европа, вклучувајќи ги и војниците кои треба да бидат стационирани во воздухопловната база Михаил Когалничану, соопшти денеска романското Министерство за одбрана.
Букурешт, 29 октомври 2025 (МИА) – Романија и сојузниците на НАТО се известени за плановите на САД да го намалат бројот на војници на источното крило на Европа, вклучувајќи ги и војниците кои треба да бидат стационирани во воздухопловната база Михаил Когалничану, соопшти денеска романското Министерство за одбрана.
Се наведува дека одлуката е очекувана со оглед на промените во приоритетите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Исто така, наведено е и дека се очекува околу 1.000 американски војници и понатаму да бидат стационирани во Романија. јт/
Фото: Министерство за одбрана на Романија