• вторник, 24 декември 2024

САД формираат специјална група за борба против кибер измами

САД формираат специјална група за борба против кибер измами
Вашингтон, 10 јули 2020 (МИА) - Американската тајна служба соопшти дека формира посебна специјална група за борба против кибер измами која ќе има 160 канцеларии во САД и низ целиот свет. - Со доближувањето на кибер -просторот и традиционалниот финансиски криминал, американските тајни служби официјално ги спојуваат специјалната група за борба против електронски криминал и специјалната група за борба против финансиски криминал, во една мрежа наречена Специјална група за борба против кибер измами, се вели во соопштението. Во соопштението се истакнува дека работата за откривање и спречување финансиски криминал во кибер-просторот, спроведена од март годинава, довела до големи и важни резултати. Поточно, стопирани се стотици измамнички шеми поврзани со Ковид-19, како што е нелегална онлајн продажба на украдени тестови за коронавирусот, како и успешно спротивставување на меѓународните измамници што ги напаѓаат програмите на американската влада за борба против невработеноста. јт/  

Остани поврзан