• недела, 22 декември 2024

САД тврдат дека „Фајзер“ има проблеми со производството на вакцината, компанијата негира

САД тврдат дека „Фајзер“ има проблеми со производството на вакцината, компанијата негира
Вашингтон, 17 декември 2020 (МИА) - „Фајзер“ денеска ја информира јавноста дека нема никакви тешкотии во производството на вакцината против Ковид-19, само еден ден откако американските власти соопштија дека компанијата се соочува со проблеми. „Фајзер“ соопшти дека е уверена во својата способност годинава да испорача 50 милиони дози од вакцината на глобално ниво и до 1,3 милијарди следната година. „Ниту една испорака на вакцини не е запрена или одложена. Оваа недела успешно доставивме 2,9 милиони дози што ги побара американската Влада на локациите назначени од неа", се наведува во соопштението на „Фајзер“. Американската Влада потпиша договор со „Фајзер“ за испорака на 100 милиони дози, што почна да се дистрибуира низ САД по одобрувањето на вакцината. Американскиот секретар за здравство, Алекс Азар, вчера изјави дека компанијата има проблеми со производството на вакцината. -Ќе им обезбедиме целосна поддршка преку било кој механизам за да можат да произведуваат вакцини за Американците, рече Азар. сд/

Остани поврзан