• среда, 25 декември 2024

САД со честитки до сите ромски заедници по повод Меѓународниот ден на Ромите

САД со честитки до сите ромски заедници по повод Меѓународниот ден на Ромите

Вашингтон, 8 април 2024 (МИА) - САД денеска испратија честитки до сите ромски заедници по повод Меѓународниот ден на Ромите, укажувајќи дека најважно е ромските гласачи да имаат право непречено да учествуваат во слободни и фер избори.

- Ја славиме богатата култура, јазикот и традицијата на Ромите, вклучувајќи ги и ромските Американци кои вложувале во Соединетите Држави, се наведува во денешното соопштение на американскиот Стејт департмент.

Оттаму укажаа дека Ромите во многу делови од светот се соочуваат со расизам, дискриминација и ксенофобија, а тоа води кон непропорционална сиромаштија, неправда па дури и насилство против ромските заедници и се повикува на нивно непречено учество во избори.

- Ромите исто така се меѓу оние етнички заедници кои се најмногу лишени од правото на глас. Витално е да се обезбеди ромските гласачи да имаат право непречено да учествуваат во слободни и фер избори. САД остануваат посветени во промоција на човековите права и достоинството на ромските индивидуи дома и на меѓународно ниво, соопштија од Стејт департментот. кб/ми/

Остани поврзан