• недела, 22 декември 2024

САД со санкции за руската ФСБ и Иранската револуционерна гарда (ДПЛ)

САД со санкции за руската ФСБ и Иранската револуционерна гарда (ДПЛ)

Вашингтон, 27 април 2023 (МИА) - Властите во САД воведоа нови санкции за руската разузнавачка агенција ФСБ и Иранската револуционерна гарда поради обвинувајќи ги дека се одговорни или соучесници во погрешно приведување Американци во странство, како што е новинарот на Вол Стрит Журнал, уапсен во Русија минатиот месец,  изјавија високи претставници на администрацијата

САД „покажуваат дека никој не може да се вклучи во такво ужасно однесување ... без да се платат последици“, нагласи висок американски функционер.

Зборувајќи со новинари на брифинг под услов на анонимност, високи претставници на администрацијата на Бајден рекоа дека потегот има за цел да покаже дека ќе има последици за оние кои се обиделе да  искористат американски граѓани за политички потпора или да бараат отстапки од Вашингтон.

„Денешните санкции се еден од низата напори  да се обезбеди ослободување на државјани на САД погрешно приведени во странство, да се промовира одговорност за виновниците и со тоа, да се спречи и одврати следниот сет на случаи “.

Официјалниот претставник додаде дека денешните мерки  се првите и дека се работи на повеќе санкции.

Русија и Иран  држат голем број американски граѓани во нивните затвори, за кои Вашингтон ги вели дека се незаконски и политички обвинети. зш/

Остани поврзан