• недела, 22 декември 2024

САД соопштија дека не се согласуваат со оценката на претседателот на Бразил дека војната во Газа е геноцид

САД соопштија дека не се согласуваат со оценката на претседателот на Бразил дека војната во Газа е геноцид

Бразилија, 21 февруари 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му кажа на бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва дека САД не се согласуваат со неговата споредба на израелската војна во Газа со нацистичкиот геноцид врз Евреите за време на Втората светска војна.

- Блинкен јасно кажа дека не се согласуваме со такви изјави, изјави денеска неименуван американски функционер.

Денешната средба во Бразилија меѓу бразилскиот претседател и американскиот државен секретар траела повеќе од 90 минути, а се одржа во пресрет на самитот на Г20 и во време на дипломатска криза во односите со Израел.

Затегнатоста меѓу Бразил и Израел, кој го прогласија Лула за „персона нон грата“, расте со денови. Таа дипломатска криза го засени состанокот на министрите за надворешни работи на Г20, кој ќе се одржи денеска и утре во Рио де Женеиро. јт/

Фото: Блинкен на Х

Остани поврзан