САД се подготвени да евакуираат дел од своите дипломати од Нигер

Вашингтон, 2 август 2023 (МИА) - САД се подготвени да евакуираат дел од персоналот на амбасадата во Нигер и нивните семејства откако војската ја презеде власта во таа африканска земја, изјави денеска американски претставник.
Сепак, дипломатската мисија ќе остане отворена, а високиот дипломатски персонал ќе продолжи да ги извршува своите должности.
Официјалниот претставник, кој побара да остане анонимен, рече дека одлуката се уште не е донесена, но многу е веројатно дека ќе се случи.
Тој додаде дека американскиот дипломатски персонал ќе биде евакуиран со авион изнајмен од Стејт департментот, а не со авион на американското воено воздухопловство. зш/