• четврток, 21 ноември 2024

САД се откажаа од распоредување два воени брода во Црното Море

САД се откажаа од распоредување два воени брода во Црното Море
Вашингтон, 15 април 2021 (МИА) - САД се откажаа од распоредување два воени брода во Црното Море преку турските мореузи оваа недела, во услови на тензии меѓу Украина и Русија, објавија денеска турските власти и медиумите. Турски дипломатски извори соопштија дека денеска првиот воен брод не поминал низ Босфор како што било планирано. Според државната новинска агенција Анадолија, која се повикува на други турски официјални лица, распоредувањето на бродовите закажано за денеска и утре е откажано, а Анкара не била информирана за можен нов датум. Американските воени бродови требаше да минат низ Босфор од Медитеранот на 14 и 15 април и да влезат во Црното Море. Тие требаше да останат во Црното Море до 4. или 5 мај. паг/    

Остани поврзан