• недела, 22 декември 2024

САД: Русите се многу блиску до центарот на Мариупол

САД: Русите се многу блиску до центарот на Мариупол
Вашингтон, 31 март 2022 (МИА) – Според портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, руските сили се „многу, многу блиску“ до центарот на Мариупол. На брифингот во Пентагон Кирби ја обвини Русија дека цели цивилна инфраструктура, станбени згради и болници. Кирби, исто така, рече дека САД ќе ги разгледаат лекциите научени од војната во „соодветно време“. - САД ќе го разгледаат она што го научивме гледајќи како Русија не успеа, рече тој. јт/

Остани поврзан