• петок, 22 ноември 2024

САД распишаа награда од 15 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

САД распишаа награда од 15 милиони долари за апсење на Николас Мадуро
Вашингтон, 26 март 2020 (МИА) - Американскиот Стејт департмент денеска распиша награда од 15 милиони американски долари за информација што би довела до апсење или обвинување на разни државјани на Венецуела, меѓу кои е и претседателот Николас Мадуро. За повеќе западни земји Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела. Вашингтон бара негова смена. -Департментот нуди награда во висина до 15 милиони долари за информација поврзана со Николас Мадуро, се вели во соопштението. Одлуката за распишување награда дојде откако Министерството за правда на САД денеска подигна обвиненија за трговија со наркотици против Мадуро и други лица од Венецуеала. кб/ац/

Остани поврзан