• четврток, 26 март 2026

САД размислуваат дали повторно да ги прогласат талибанците за странска терористичка организација

САД размислуваат дали повторно да ги прогласат талибанците за странска терористичка организација

Вашингтон, 21 мај 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува дали одново да ги стави талибанците на листата на странски терористички организации.

Конгресменот Тим ​​Бурчет го праша Рубио дали има планови за прекласифицирање на талибанците како терористичка организација. Американскиот државен секретар одговори дека таков процес е во тек.

Минатиот месец, Врховниот суд на Русија ги отстрани талибанците од списокот на забранети терористички организации во земјата, а специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан изјави дека Москва ќе им помогне на талибанците во борбата против групата ИД во Авганистан. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан