• понеделник, 23 декември 2024

САД проценуваат дека израелската војска убила 20 до 30 отсто од палестинските екстремисти  

САД проценуваат дека израелската војска убила 20 до 30 отсто од палестинските екстремисти  

Тел Авив, 21 јануари 2024 (МИА) - Американските разузнавачки агенции проценуваат дека израелските безбедносни сили во досегашната своја кампања во Појасот Газа убиле „од 20 до 30 отсто од вкупниот број палестински екстремисти“, членови на исламистичкиот Хамас, пренесе „Волстрит журнал“ и додава дека оваа организација има доволно муниција за неколку месеци да се бори против израелските сили.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) минатата недела соопштија дека од почетокот на војната во Газа, на 7 октомври 2023 година, убиени се над 9.000 оперативци на Хамас и членови на други екстремистички организации.

Висок командант на ИДФ во 2021 година процени дека Хамас има околу 30.000 борци. ИДФ проценува дека борбите во Газа ќе траат во текот на 2024 година, бидејќи целта на Израел е целосно да го неутрализира Хамас.

Израел вети дека ќе ја продолжи борбата додека сите преостанати заложници не се вратат дома, од кои 132 се верува дека се уште се во заробеништво.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан