• сабота, 18 јануари 2025

САД: Прогласена вонредна состојба за јавното здравје во Калифорнија

САД: Прогласена вонредна состојба за јавното здравје во Калифорнија

Лос Анџелес, 10 јануари 2025 (МИА) – Американското Министерство за здравство и социјални услуги (ХХС) денеска прогласи вонредна состојба за јавното здравје во сојузната држава Калифорнија за да одговори на здравствените проблеми предизвикани од тековните пожари во округот Лос Анџелес.

Бројот на загинати во пожарите што изминатите денови ја зафатија областа Лос Анџелес денеска се искачи на 10.

Во пожарите изгореа повеќе од 10.000 објекти, како и повеќе од 142 квадратни километри земја.

Наредена е евакуација за околу 179.000 луѓе. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан