• четврток, 26 март 2026

САД повторно ги бомбардираат позициите на Хутите, меѓу бројните жртви има жени и деца

САД повторно ги бомбардираат позициите на Хутите, меѓу бројните жртви има жени и деца

Сана, 17 март 2025 (МИА) - Соединетите Американски Држави денеска извршија нови воздушни напади врз Јемен, објави телевизијата на Хутите, Ал Масира, со што се прошири најголемата американска воена операција на Блискиот Исток откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари.

Одговарајќи на заканите од движењето Хути за меѓународниот бродски превоз, САД завчера започнаа нов бран воздушни напади врз групата поддржана од Иран.

Телевизијата објави дека денеска цели биле пристанишниот град Худајда на Црвеното Море и провинцијата Ал Џауф северно од главниот град Сана.

Најмалку 53 лица загинаа во нападите, изјави вчера Анис Алсбахи, портпарол на Министерството за здравство со кое раководат Хутите. Во нападите загинаа пет деца и две жени, а ранети се 98 лица, напиша Алсбахи на Икс.

Хутите, вооружено движење кое презеде контрола над поголемиот дел од Јемен во текот на изминатата деценија, извршија десетици напади врз бродови во близина на јеменскиот брег од ноември 2023 година, во знак на солидарност со народот на Газа поради израелските копнени и воздушни напади. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан