САД објавија план за нови санкции за Северен поток 2
- САД ги известија европските сојузници околу плановите за санкционирање на рускиот брод „Фортуна“, кој е вмешан во изградбата на гасоводот Северен поток 2 од Русија до Германија, пишува герман
Берлин, 18 јануари 2021 (МИА) - САД ги известија европските сојузници околу плановите за санкционирање на рускиот брод „Фортуна“, кој е вмешан во изградбата на гасоводот Северен поток 2 од Русија до Германија, пишува германскиот весник „Хенделсблат“.
Американската администрација им соопшти на официјалните претставници во Берлин и другите европски престолнини дека санкциите ќе стапат во сила утре како дел од Законот за спротивставување на американските противници со санкции.
Наведено е дека санкции ќе бидат воведени за бродот кој ги поставува цевките и за неговиот сосптвеник КВТ-РУС.
Портпаролот на Северен поток 2 побарал од ЕУ и владите на земјите кои се вклучени во проектот да ги заштитат компаниите од какви било санкции.
Портпарол на американската амбасада во Берлин истакна за „Ханделсблат“ дека Вашингтон ќе продолжи да презема „неопходни и соодветни чекори“ за да го спречи Северен поток 2.
- Американската Влада се надева дека Германија ќе го преиспита својот став околу Северен поток 2, додаде портпаролот на амбасадата на САД во Берлин.
Северен поток 2, кој е дизајниран двојно да го зголеми капацитетот на постојниот подводен гасовод Северен поток од Русија до Германија, стана спорно прашање меѓу Москва и Вашингтон, бидејќи САД сакаат да ја намалат зависноста на Европа од руската енергија. гт/