• четврток, 07 ноември 2024

САД му дале гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

САД му дале гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Лондон, 16 април 2024 (МИА) – Соединетите Американски Држави денеска му дадоа гаранции на Високиот суд во Лондон што ги побара во врска со случајот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Во пресудата од 26 март, судот побара гаранции од САД дека Асанж ќе може да се повика на Првиот амандман и дека нема да се соочи со смртна казна по екстрадицијата.

- Оваа дипломатска нота не прави ништо за да го намали огромниот стрес на нашето семејство за неговата иднина, односно неговото очекување дека ќе го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради неговата наградувана новинарска работа, рече сопругата на Асанж, Стела. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан