• четврток, 26 декември 2024

САД: Мал авион удри во зграда, две лица загинаа

САД: Мал авион удри во зграда, две лица загинаа
Вашингтон, 22 октомври 2022 (МИА) – Мал авион се урна во станбена зграда предизвикувајќи голем пожар во американската сојузна држава Њу Хемпшир, при што загинаа две лица во авионот, соопштија денеска локалните власти. Федералната управа за воздухопловство соопшти дека едномоторниот авион Beechcraft Sierra синоќа удрил во зграда северно од аеродромот. Градските власти на својата Фејсбук страница објавија дека никој не е повреден во зградата во која удрил авионот, но оти „луѓето во авионот загинале“. Федералната управа за авијација и Националниот одбор за безбедност на транспортот ја истражуваат несреќата. Одборот за безбедност на транспортот ќе ја надгледува истрагата. Авионот удрил во двокатен амбар поврзан со станбена зграда. Сите осум лица биле евакуирани од станбената зграда поради пожарот кој избувнал по ударот. јт/

Остани поврзан