• недела, 22 декември 2024

САД и осум други земји со изјава за искривувањето на историјата од Кремљ за холокаустот, а по повод сеќавањето за масакрот кај Бабин Јар, Украина

САД и осум други земји со изјава за искривувањето на историјата од Кремљ за холокаустот, а по повод сеќавањето за масакрот кај Бабин Јар, Украина
Вашингтон, 29 септември 2022 (МИА) - Во денешната заедничка изјава од претставници за холокаустот или функционери задолжени за тоа на Канада, Хрватска, Чешка, Грција, Германија, Холандија, Романија, Велика Британија и САД, се одбележува 81-годишнина од убиството на 34.000 Евреи извршено од нацистите кај Бабин Јар, тогашна Украинска Советска Социјалистичка Република. Во изјавата се осудува лажното претставување на историјата од Кремљ за холокаустот со цел да се оправда непровоцираната војна против Украина. - Никогаш не смееме да го заборавиме ужаснотото злосторство против човештвото пред 81 година кај Бабин Јар кога нацистите и нивните помошници убија 34.000 Евреи. Никогаш нема да дозволиме сеќавањето за тие жртви и сите останати кои убиени во холокаустот да бидат непочитувано, избришено или цинично злоупотребувано за политички цели, се вели во соопштението. Се додава дека веднаш по крајот на Втората светска војна, Советскиот Сојуз 45 години ги чувал во тајна архива документите за холокаустот, вклучително и точните истражувања и податоци за масакрот на Евреите кај Бабин Јар. Се истакнува дека „ова е посебно застрашувачки кога Владимир Путин се обидува да ја оправда својата непровоцирана војна против Украина со искривување и незаконско присвојување на историјата за холокаустот“. - Да се вели дека денешна демократска Украина треба да биде „денацифицирана“ е навреда за сите, во Украина и насекаде, кои страдаа од нацистичкиот режим. Таквото искривување го еродира разбирањето за холокаустот, не ја почитува неговата оставнина и ги поткопува глобалните напори за спречување на масовни злосторства за никогаш да не се повтори нов холокауст, истакнуваат потписниците. Во изјавата се наведува дека „земјите стојат во подршка на човековите права и основни слободи за сите со спротивставување на лажното претставување на историјата и зајакнување на точното образование, паметење и истражување на холокаустот“. Во изјавата се говори и за кршењето од страна на Русија на четвртата Женевска конвенција за заштита на цивили за време на вооружен конфликт. - Незаконски трансфер и депортација на луѓе е сериозно кршење на конвенцијата и воено злосторство. Повеќе изори оценуваат дека руските власти и оние кои од нив добиле надлежност заробиле, испитувале и наводно измачувале стотици илјади граѓани на Украина. Многу од овие граѓани на Украина, вклучително и деца, се релоциарни или насилно депортирани од нивните домови во областите на Украина привремено под контрола на Русија, понекогаш и на далечни локации во Русија. Насилната депортација е една од операциите на Кремљ за т. н. „филтрирање“, насочено кон искоренување на отпорот, идентификација на лица кои Русија ги смета за недоволн подобни, негирање на државноста на Украина и нејзиниот посебен идентитет. Се вели дека руските власти негираат дека ова се случува, наспроти евидентите докази од многу извори. кб/ссм/  

Остани поврзан