САД и Кипар ја зајакнуваат соработката во борбата против перењето пари во островската држава
- САД и Кипар ќе ја зајакнат соработката кога станува збор за подобрување на способноста на Никозија да ги сузбива и гони незаконските финансиски операции во таа земја, соопштија денеска владите на двете земји.

Никозија, 26 март 2024 (МИА) - САД и Кипар ќе ја зајакнат соработката кога станува збор за подобрување на способноста на Никозија да ги сузбива и гони незаконските финансиски операции во таа земја, соопштија денеска владите на двете земји.
Според западните агенции, Кипар долго време има репутација на канал за незаконски текови и перење пари, и покрај построгиот надзор и отстранувањето на законските дупки од страна на Владата.
Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и кипарската полиција во наредните денови ќе потпишат договор за официјализирање на соработката меѓу правосудните органи во Вашингтон и Никозија, како и со клучните партнери за спроведување на законот на островот.
Американското Министерство за правда и ФБИ, поддржани од Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот на Стејт департментот, ќе соработуваат со кипарските власти на барање на претседателот Никос Христодулидес. рп/
Фото: МИА архива