• недела, 22 декември 2024

САД го поддржуваат правото на Израел на самоодбрана по нападите врз Иран

САД го поддржуваат правото на Израел на самоодбрана по нападите врз Иран

Вашингтон, 26 октомври 2024 (МИА) – Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски разговор по одмаздничкиот напад на Израел против Иран, го увери својот израелски колега во поддршката на САД за правото на Израел да се брани.

- Секретарот Остин ја потврди железната посветеност на САД за безбедноста на Израел и правото на самоодбрана, се вели во соопштението објавено од Пентагон.

Остин разговараше со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за да добие најнови информации за нападите на Израел во Иран.

Остин рече дека САД се посветени на одбраната на американскиот персонал, Израел и партнерите од целиот регион против Иран и терористичките групи поддржани од Иран.

Тој исто така рече дека САД се решени да „спречат кој било актер да ги искористи тензиите или да го прошири конфликтот во регионот“. јт/

Остани поврзан