• петок, 05 декември 2025

САД го повлекоа сирискиот Фронт ал-Нусра од списокот на терористички организации

САД го повлекоа сирискиот Фронт ал-Нусра од списокот на терористички организации

Вашингтон, 7 јули 2025 (МИА) - Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го повлече Фронтот ал-Нусра, фундаменталистичка група радикални сунити, една од најсилните сили што се борат против поранешната сириска влада, од списокот на странски терористички организации, може да се види на меморандумот на Стејт департментот објавен денеска.

Ова е важен чекор со оглед на тоа што Вашингтон се обидува да ги ублажи санкциите врз Сирија.

Овој потег доаѓа една недела откако Трамп потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите кон Сирија, помагајќи ѝ на оваа земја да излезе од изолација и исполнувајќи го ветувањето да помогне во обновата на земјата по разорнувачката граѓанска војна.

Фронтот ал-Нусра или Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) беше порано сириски огранок на Ал Каеда. Во декември, сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, со помош на ХТС и други исламистички бунтовнички групи, спроведе молскавична офанзива благодарение на која дотогашниот претседател, Башар ал-Асад, беше соборен од власт.

ХТС на Ал-Шара ги прекина врските со Ал-Каеда пред неколку години, тврдејќи дека сака да изгради инклузивна и демократска Сирија.

Во мај, Ал-Шара се сретна со Трамп во Ријад, кој потоа неочекувано објави дека ќе ги укине санкциите врз Сирија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан