САД ги отфрлија како „пропаганда на Кремљ“ тврдењата на Русија за украинска поврзаност со терористичкиот напад во Москва
- Белата куќа денеска ги отфрли руските тврдења дека пукањето во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, во кое загинаа 137 лица, е поврзано со Украина, објавија британските медиуми.

Вашингтон, 25 март 2024 (МИА) - Белата куќа денеска ги отфрли руските тврдења дека пукањето во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, во кое загинаа 137 лица, е поврзано со Украина, објавија британските медиуми.
-Тоа нема никаква врска со Украина... Ова е само дополнителна пропаганда на Кремљ, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби на прес-конференција. мс/
фото: МИА архива