• недела, 22 декември 2024

САД водат преговори со Русија за размена на американскиот новинар Иван Гершкович

САД водат преговори со Русија за размена на американскиот новинар Иван Гершкович

Вашингтон, 8 јули 2023 (МИА) - САД потврдија дека водат преговори со руската страна за размена на Иван Гершкович, американски новинар на „Волстрит журнал“ задржан од руските власти по обвиненија за шпионажа. Весникот објави подолг извештај за систематскиот надзор на Американци и американски дипломати во Русија од страна на досега непозната служба под раководство на Федералната служба за безбедност (ФСБ). 

-Разговори (за размена на Гершкович) имаше, но тие разговори не вродија со јасна патека за решение на прашањето... Сѐ што јас можам да сторам е де ви кажам дека кај нас постои јасна обврска и убедност дека ние правиме сѐ што е возможно да го вратиме дома, изјави синоќа на прес брифингот Џек Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.  

„Волстрит журнал“ во меѓувреме дознава дека следењето и задржувањата на истакнати Американци во Русија ги прави Департмент за контраразузнавачки операции (ДКРО) при Федералната служба за безбедност, и дека за сите активност на оваа тајна служба рускиот претседател Владимир Путин е редовно брифиран од Владислав Меншчиков, шеф на контраразузнавачката служба на ФСБ која го надгледува ДКРО. 

Според весникот, ДКРО врши редовно следење на американските дипломати. Притоа вработените во оваа служба намерно оставаат траги за објектот на следењето да знае дека тој е под надзор. Наводно, „симбол“ на посетата е догорче од цигара оставено на ВЦ шољата. Соговорници за весникот раскажале дека дипломатите откривале преместени полици за книги и исчезнати драгоцености. Покрај тоа, изданието соопштува за некои случаи кога вработените во ДКРО оставале измет во домовите на службениците на амбасадата, во еден случај измет бил оставен и во куферче на неименуван висок службеник од Вашингтон.  

ДКРО е одговорен и за исклучувањето на струјата дома ноќта по официјалниот прием на новата амбасадорка на САД Лин Трејси. Во друг случај сопруга на дипломат била следена од беспилотно летало, а не нејзината кола на покривот имало залепено буква Z. Американски службеници се сомневаат дека тоа е дело на ДКРО. 

Оваа служба е одговорна за апсењето и на останатите Американци, поранешниот маринец Пол Вилан и Тревор Рид. 

Новинарот Иван Гершкович беше уапсен на 29 март во Екатеринбург, утредента веднаш беше префрлен во озлогласениот московски затвор „Левторово“ и обвинет по дело шпионажа. Детали од тужбата не се објавуваат бидејќи материјалот е ставена под „строго доверливо“. Тој е првиот американски новнар задржан во Русија по обвинување за шпионажа по крајот на Студената војна. кб/ 

Остани поврзан