• недела, 22 декември 2024

САД воведоа санкции против функционери од Мали поради соработка со „Вагнер“

САД воведоа санкции против функционери од Мали поради соработка со „Вагнер“

Вашингтон, 24 јули 2023 (МИА) – САД денеска воведоа санкции против тројца функционери од Мали поради нивната наводна блиска соработка со руската паравоена група „Вагнер“.

На списокот на санкционирани се министерот за одбрана Сади Камара, началникот на воздухопловните сили Алоа Бој Диара и заменик-началникот на Генералштабот, потполковник Адам Багајока.

„Тие работеле на олеснување и проширување на присуството на паравоената група во Мали од декември 2021 година“, се вели во соопштение на Стејт департментот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан