• петок, 22 ноември 2024

САД воведоа санкции за компании од ОАЕ и Хонг Конг поради помагање во продажбата на иранската нафта

САД воведоа санкции за компании од ОАЕ и Хонг Конг поради помагање во продажбата на иранската нафта
Вашингтон, 1 август 2022 година (МИА) - САД денеска воведоа санкции за компании во Обединетите Арапски Емирати  и Азија поради помагање во продажбата на нафта од Иран  . Министерството за финансии воведе санкции за  компанјата  Blue Cactus за резервни делови за тешка опрема и машини , со седиште во ОАЕ, поради поддршка на трговијата со иранска нафта. Цел на санкциите беа и компаниите Farwell Canyon HK, Shekufei International и PZNFR, со седиште во Хонг Конг. Исто така, американскиот Стејт департмент воведе казни за една компанија од Сингапур и една од Хонг Конг, за кои вели дека се занимавале со набавка, продажба или транспорт на ирански нафтени деривати. Последните санкции насочени кон продажбата на нафта во Иран доаѓаат додека САД се обидуваат да го обноват меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, од кој поранешниот претседател Доналд Трамп се повлече во 2018 година.  зш/

Остани поврзан