• четврток, 21 ноември 2024

САД/Избори: Тимот на Харис бара време за да го процесуира поразот: Сè уште не сме подготвени

САД/Избори: Тимот на Харис бара време за да го процесуира поразот: Сè уште не сме подготвени

Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) - Американските граѓани сè уште го очекуваат обраќањето на претседателската кандидатка на Демократите Камала Харис по поразот на изборите, додека од нејзиниот тим се осврнуваат на ноќта на изборите.

Според Си-Ен-Ен, блиски извори до кампањата на Харис истакнале дека е потребно време и простор за да се процесуира поразот.

- Ве молиме да ѝ дадете на кампањата на Камала Харис време да ги дефинира своите сили и слабости - се наведува во изјавата.

Освен претседателската трка, Демократската партија го загуби и мнозинството во Сенатот, а сè е поверојатно дека ќе го изгуби и во Претставничкиот дом. ссм/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан