• недела, 22 декември 2024

САД/Избори: Во Пенсилванија и Мичиген се очекува побрзо пребројување на гласовите отколку во 2020 година

САД/Избори: Во Пенсилванија и Мичиген се очекува побрзо пребројување на гласовите отколку во 2020 година

Вашингтон, 5 ноември 2024 (МИА) - Официјални лица во Пенсилванија и Мичиген најавија дека резултатите од изборите ќе се пребројуваат побрзо оваа година отколку во 2020 година. 

Гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро го наведе намалувањето на бројот на потребните гласачки ливчиња и новиот закон за континуирано броење гласови како клучни причини за забрзаниот процес, очекувајќи резултатите да дојдат порано од пред четири години.

Државниот секретар на Мичиген Џоселин Бенсон рече дека државата бележи висока излезност и најголемиот фактор за раните резултати ќе биде неодлучноста на трката. Детроит планира да го заврши пребројувањето до полноќ, односно до изутрина по македонско време, со предвидување дека конечните резултати ќе стасаат порано отколку во 2020 година, односно во текот на утрешниот ден.

Низ целата земја првите избирачки места ќе се затворат вечерва во 18 часот по источно време (EST), што е полноќ по македонско време, а последните ќе се затворат во 13 часот (07 часот по македонско време).

Се очекува изборната трка да се сведе на резултати во седум клучни, т.н. колебливи држави.  Експертите веруваат дека би можеле да одлучат за победата на Харис или Трамп. Тие држави се Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

19:00 EST (01:00 по македонско време) - затворање на гласачките места во Грузија
19:30 EST (01:30 по македонско време) - затворање на гласачките места во Северна Каролина
20:00 EST (02:00 по македонско време) - затворање на гласачките места во Пенсилванија
21:00 EST (03:00 по македонско време) - затворање на завршува во Аризона, Висконсин и Мичиген
22:00 EST (04:00 по македонско време) - затворање на гласачките места во Невада

Најраните резултати, веќе вечерва во македонско време, може да се очекуваат во Џорџија и Северна Каролина, кои имаат најбрз систем за броење гласови. Потоа околу утрото може да се очекуваат гласови во Мичиген, а потоа во Пенсилванија и Висконсин, кои не почнуваат да ги бројат гласовите додека не се затворат избирачките места. Најдолго ќе се чекаат резултатите од Невада и Аризона.

Најреално е да се очекува конечното прогласување на победникот во текот на утрешниот ден, но колку е порамномерна трката, толку е поголема веројатноста да се пролонгираат конечните резултати, што може да трае цела недела. ссм/

 

Остани поврзан