• среда, 01 април 2026

Савески и Рокас ги потврдиле приоритетите - борбата против корупцијата и суштинско враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Савески и Рокас ги потврдиле приоритетите - борбата против корупцијата и суштинско враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Скопје, 31 март 2026 (МИА) - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески денеска остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас, со кого разговарале за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата.

-Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти, истакнал Савески.

Амбасадорот Рокас му го честитал изборот на една од највисоките функции во правосудството и му посакал успешна работа.

Во разговорите, како што информираат од Јавното обвинителство, тие се осврнале на приоритетите во однос на борбата против корупцијата и на суштинско враќање на довербата на граѓаните дека правосудниот систем функционира.

Савески и Рокас се согласиле за потребата од стабилен буџет за јакнење на капацитетите на Јавното обвинителство. Амбасадорот Рокас ја изразил поддршката за независноста и за јакнење на транспарентноста на обвинителството.

Државниот јавен обвинител ја искористил можноста да се заблагодари за континуираната поддршка од ЕУ за Јавното обвинителство, но и за владеењето на правото во нашата земја воопшто. фф/ац/

Фото: ОЈО

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан