• петок, 05 декември 2025

Сабаленка: Сакам да играм на најголемите арени

Сабаленка: Сакам да играм на најголемите арени

Париз, 29 мај 2025 (МИА) – Белоруската тенисерка Арина Сабаленка сака да игра на најголемите терени до крајот на кариерата.

Белорусинката вчера ја победи Швајцарката Жил Теикман на теренот „Сузан Ленглен“ и се пласираше во третото коло на Ролан Гарос.

Со тоа што е број 1 во светот Сабаленка има привилегија да игра на  најдобрите терени.

-Ми се допаѓа да играм на најубавите терени за време на Грен слем турнирите. Искрено, не се сеќавам кога сум играла на лоши терени, а ниту сакам да се присетувам. Навистина сакам да играм на најголемите арени. Излегувам на теренот, слушам луѓе како даваат овации, навиваат, гледам транспаренти, тоа е неверојатно чувство. Навистина уживам и искрено се надевам дека до крајот на кариерата ќе играм само на најголемите терени, изјави Сабаленка на прес-конференција по третото коло на „Ролан Гарос“.

Во 1/16финалето, Сабаленка ќе се соочи со Даниловиќ од Србија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан