Сабаленка против Костјук во финалето во Бризбејн
- Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Чехињата Каролина Мучова во полуфиналето во Бризбејн со 6:3 и 6:4.
Бризбејн, 10 јануари 2026 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Чехињата Каролина Мучова во полуфиналето во Бризбејн со 6:3 и 6:4.
Меќот се одигра ноќеска и траеше 1 час и 30 минути.
Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше две од осум брејк топки. Нејзината противничка сервираше шест аса, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од четири шанси за топки.
Во мечот за трофејот Сабаленка ќе се соочи со Марта Костјук од Украина која утринава ја совлада Џесика Пегула (САД) со 6:0 и 6:3.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 1,2 милиони долари. зс/
Фото: ЕПА