• понеделник, 19 јануари 2026

Сабаленка подготвена повторно да игра со Кирјос

Сабаленка подготвена повторно да игра со Кирјос

Дубаи, 29 декември 2025 (МИА) – Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка ги сподели своите впечатоци од егзибицискиот натпревар „Битка на половите“ против Австралиецот Ник Кирjос.

Белорусинката загуби од својот противник со 3:6 и 3:6. Мечот се одржа во Дубаи.

-Мислам дека беше добра борба. Тој се мачеше, а понекогаш изгледаше напнато. Убаво е да се види како мојот противник се нервира кога се обидува да го пробие мојот сервис. Нивото беше високо: погодив многу одлични удари. Ник добро сервираше. Беше вистинско шоу и уживав, рече Сабаленка во интервју на теренот.

Белорусинката беше прашана дали би била согласна повторно да игра со Кирјос во иднина.

-Да. Ги сакам реваншите и да се предизвикувам себеси. Би сакала повторно да играм, додаде тенисерката.

Кирјос е рангиран на 671. место во светот. Тој е победник на седум АТП турнири и финалист на Вимблдон во 2022 година. 

Сабаленка има освоено 21 ВТА титула, вклучувајќи четири Гренд слем турнири. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан