• петок, 05 декември 2025

Сабаленка без борба се пласира во полуфиналето на УС Опен, Вондрушова се извини за неодиграниот меч

Сабаленка без борба се пласира во полуфиналето на УС Опен, Вондрушова се извини за неодиграниот меч

Њујорк, 3 септември 2025 (МИА) - Чешката тенисерка Маркета Вондрушова се откажа од Отвореното првенство на САД поради повреда, објави прес-службата на турнирот.

Таа требаше да се соочи со првата светска тенисерка Белорусина Арина Сабаленка во четвртфиналето на Грен слемот во Њујорк.

Вондрушова се извини за откажувањето од четвртфиналето.

-Се потрудив најдобро што можев да излезам на теренот, но за време на загревањето повторно почувствував болка во коленото и по консултација со докторот на турнирот решив да не ризикувам и да не ја влошувам повредата. Благодарна сум на сите за поддршката на овој турнир и им се извинувам на навивачите кои со нетрпение го очекуваа натпреварот, изјави Вондрушова за „ЕСПН“.

Во полуфиналето 27-годишната Сабаленка ќе игра против Американката Џесика Пегула. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан