• понеделник, 23 декември 2024

Руско Министерство за одбрана: Руските вооружени сили уништија повеќе од 1.500 воени цели во Украина

Руско Министерство за одбрана: Руските вооружени сили уништија повеќе од 1.500 воени цели во Украина

Москва, 2 март 2022 (МИА) - Руските вооружени сили уништија повеќе од 1.500 воени цели од почетокот на специјалната воена операција во Украина, вклучувајќи 13 борбени авиони и 47 беспилотни летала, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„За време на досегашните воени операции, уништени се 1.533 воени цели “, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Конашенков објасни дека на земја биле погодени 47 воени авиони, додека во воздух биле соборени уште 13 авиони и 47 беспилотни летала и дека 484 тенкови и други борбени оклопни возила.

Претходно, официјални лица од одбраната на Русија соопштија дека „речиси 500 руски војници се убиени од почетокот на војната во Украина“.

„Загинаа 498, а уште 1.597 се ранети во изминатите седум дена“, тврди руското Министерство за одбрана во својот прв извештај за воени жртви откако земјата го нападна својот источноевропски сосед минатата недела. паг/

Остани поврзан