• петок, 22 ноември 2024

Руско Министерство за одбрана: Киев стои зад терористичкиот напад со беспилотни летала врз Москва

Руско Министерство за одбрана:  Киев стои зад терористичкиот напад со беспилотни летала врз Москва

Москва, 30 мај 2023 (МИА) - Руското Министерство за одбрана тврди дека Киев стои зад „терористичкиот напад“ со беспилотни летала врз главниот град на Русија.

Министерството соопшти дека во нападот учествувале осум беспилотни летала и дека сите биле уништени со противвоздушни ракети.

Исто така наведува дека неколку дронови паднале врз згради, предизвикувајќи „мали штети“.

Градоначалникот на Москва тврди дека две лица побарале лекарска помош по нападот. Рускиот истражен комитет соопшти дека го истражува нападот со дрон.

„Утринава режимот на Киев изврши терористички напад со беспилотни летала врз објекти во Москва. Во нападот учествуваа осум беспилотни летала. Погодени се сите непријателски беспилотни летала“, соопшти Министерството. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан