• петок, 22 ноември 2024

Руското обвинителство бара 18 години затвор за американскиот новинар Гершкович

Руското обвинителство бара 18 години затвор за американскиот новинар Гершкович

Москва, 19 јули 2024 (МИА) - Руското обвинителство бара 18-годишна затворска казна за американскиот новинар Еван Гершкович, јавиjа руските медиуми. ДПА забележува дека тоа се случува во време кога судскиот процес за шпионажа против новинарот од „Волстрит журнал“ влегува во завршна фаза.

Обвинителството тврди дека обвиненијата изнесени во судскиот случај, што почна во Екатеринбург на 26 јуни и се води зад затворени врати, се докажани без сомнение. Неговото признание за вина, за кое се верува дека е сигурно, би можело да биде произнесено денеска.

Гершкович беше уапсен во март 2023 година. Тој е обвинет дека собирал информации за фабриката „Уралвагонзавод“ во градот Нижни Тагил во централна Русија за американската Централна разузнавачка агенција. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан