• среда, 25 декември 2024

Руското Министерство за одбрана предлага пет начини за завршување на војната

Руското Министерство за одбрана предлага пет начини за завршување на војната
Москва, 25 февруари 2022 (МИА) - Руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина. Петте клучни точки на руското Министерство за одбрана се: *Целта на руската операција во Украина е да се обезбеди демилитаризација и денацификација на земјата, како и да се изведе марионетскиот режим во Киев пред лицето на правдата за злосторствата што ги направил. *Територијата на „Доњецката народна република“ и „Луганската народна република“ ќе се прошири до големината на регионите Донецк и Луганск. *Русија нема намера да остане во Украина, ќе ги повлече војниците по завршувањето на специјалната воена операција. *На Русија не и е потребна територијата на Украина, никој нема да ја окупира. *Кога ќе бидат можни нови власти во Украина, и ДНР и ЛНР ќе најдат заеднички јазик за преговори со нив.

Остани поврзан